ЕВН ја исклучи струјата во Ректоратот, Машинскиот, Природно-математичкиот и други два факултета оти не платиле струја
Неплатени сметки за електрична енергија оставија без струја повеќе факултети при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, како и зградата на Ректоратот. Од утринава електрична енергија немаат Машинскиот, Електротехничкиот, Природно-математичкиот и Земјоделскиот факултет, пренесува Скопје1.

Според информации на Скопје1, станува збор за долг од околу половина милион евра кон операторот за снабдување со електрична енергија, при што најголемиот дел од неплатените обврски се однесуваат токму на факултетите.
Исклучувања во наредните денови не се исклучуваат ниту кај културните институции, а опасност од прекин на снабдувањето има и кај Пошта.
Засега не е познато колку долго универзитетските објекти ќе останат без електрична енергија ниту дали ќе следуваат нови исклучувања или институциите во меѓувреме ќе подмират дел од долговите.
Покрај обврските кон снабдувачот со електрична енергија, јавните и државните институции имаат милионски долгови и кон ЕСМ. Според податоците на компанијата, тие надминуваат 24 милиони евра.






