Македонските фудбалерки против Андора стартуваат во Лигата на нации

Македонската женска фудбалска репрезентација во новото издание од Лигата на нации ќе биде дел од Ц сегментот. Во пресрет на почетокот на натпреварувањето УЕФА ги одреди термините за одигрување на дуелите од групната фаза.

 

Македонија е дел од третата група во која за противници ќе ги има Израел, Андора и Фарски острови.

 

 

Новото издание од Лигата на нации избраничките на селекторот Александар Андов го отвораат на 2 март идната година против Андора на домашен терен, а четири денови подоцна ќе ја пречекаат селекцијата на Фарски Острови.

 

На 20 април следува дуелот против Израел на гостински терен, а на 24 април реваншот против Андора. Во последниот круг од натпреварите, Македонија на 11 јуни ќе го пречека Израел, а на 15 јуни ќе им гостува на Фарските Острови.

 

Пласман во повисок ранг од Лигата на нации ќе обезбедат првопласираните селекции, а двете најдобро второпласирани репрезентации ќе играат бараж против третопласираните тимови во Б дивизијата.

Back to top button
Close