Јанев за грчката ЕРТ: Цел на иранската мрежа биле лица и компании во Атина и поголемите градови

Оперативната соработка меѓу македонската и грчката полиција е на врвно ниво, а сега имавме и спречување на планиран терористички напад или атентат во Грција, истакна директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ), Александар Јанев, во изјава за грчката државна телевизија ЕРТ.

Јанев нагласил дека во последните две години се изградени силни и тесни врски со директорот на грчката полиција, Димитрос Малиос.

 

„Засега, во овој момент, успеавме сето тоа да го спречиме врз основа на сите информации и дејствија кои ги презедовме на територијата на нашата земја, но и во тесна соработка со грчката полиција“посочил Јанев.

Тој додал дека цел на разоткриената иранска мрежа биле „лица и компании што егзистираат во Грција, односно во поголемите градови, вклучително и Атина“.

Според извештајот на грчката државна телевизија, Јанев го оценил предметот како особено чувствителен, нагласувајќи дека собраниот доказен материјал е доволен за покренување сериозни обвиненија против петмината уапсени, за кои македонското законодавство предвидува особено тешки казни.

Паралелно, властите на Северна Македонија, во соработка со грчката разузнавачка служба (ЕИП), интензивно трагаат по шесто лице поврзано со случајот, кое избегало во странство.

Според информациите што ги објави ЕРТ, регрутирањето на членовите на мрежата започнало откако еден од петмината уапсени наводно се запознал со иранскиот наркобос Наџи Шарифи Зиндапти во турски затвор.

…

Повеќе

 

Back to top button
Close