Полициска акција во „Макстил“: Под лупа почвата и суровините по сомнежи за еколошки криминал
Полиција влегла во просториите на македонскиот производител на челик „Макстил“, полициски службеници вршат проверки на примероци од почва и одредени суровини поради сомнежи за можни кривични дела од областа на еколошкиот криминал, пренесува „Скопје1“.

Од МВР за „Скопје1“ информираат дека активностите ги спроведува Единицата за економски криминал и корупција при СВР Скопје, по добиени оперативни информации и со наредба од јавен обвинител при Основното јавно обвинителство Скопје.
Од Министерството најавуваат дека јавноста ќе биде соодветно известена по целосното завршување на полициските активности.






