Во македонските затвори се магистрира и дипломира криминал, вели адвокатот Пешевски
Адвокатот Драга Стари Пешевски со став дека затворскиот систем во Македонија треба да се насочи кон вистинска ресоцијализација на осудените лица, наместо казнувањето да се сведе само на изолација и издржување затворска казна.

Во објава на социјалните мрежи, тој посочува дека јавноста често бара високи затворски казни, но ретко се отвора прашањето дали затворските установи навистина ја исполнуваат својата основна цел – спречување на повторно вршење кривични дела преку ресоцијализација.
Според него, затворите во Македонија се места во кои, наместо осудените да се подготвуваат за враќање во општеството, тие често дополнително се вовлекуваат во криминалот. Иако признава дека условите и средствата во затворските установи се ограничени, Пешевски смета дека државата мора посериозно да се посвети на ова прашање






