21 век – Македонија и научната инвазија

Ѓорѓи Тона Тоновски

Во прогнозите за настаните во 21 век светската научна па и пошироката интелектуална јавност се оценува дека векот ќе тече во знакот на слоганот „научна инвазија„. Се цени дека светот ќе го преплават досега во историјата најголемите научни истражувања и сознанија. Примената на овие научни откритија ќе внесe големи промени во и со научното организирање и водење на цивилизациските процеси во сите сфери на општествениот живот. Ова особено се однесува на натамошниот развој на науката, технологијата и начинот на производство, но и во сферата на демографијата и на демократијата. Светот ќе се соочи со позитивни можности и начини за натамошна хуманизавија на животот на човечките заедници и на посветена грижа за човековите права и за елементите на екосистемот.

Се разбира ова пред се се однесува на оние земји кои ќе го следат мејнстримот на научната инвазија. Ова ќе биде тешка и сложена задача и одговорност за општествата и за нивнвите елити, па и за целокупниот нивен интелектиуално-креативен потенцијал.

Македонија со својата историја и со својата географска поставеност, според логиката на нештата, е во делот на земјите кои се судбински повикани да го насочуваат и да го поттикнуваат ваквиот инвазивен развој. Но тоа пред неа ја поставува обврската не само да ги следи новите процеси, туку и активно да учествува со своите потенцијали во сето тоа. Тоа си го должиме себе си и на идните наши поколенија. Треба да бидеме на стартот од овој квантен скок во научната инвазија во цивилизацијата. Но за тоа треба да станеме сериозни, посготвени и одговорни со нашите обврски и организирање на македонското општество.

Сето ова налага покренување на широка активизација и мобилизација на вкупните умни ресурси на македонските граѓани.Станува збор за длабок есенцијален и егзистенцијален проект чија цел е модернизација и ефикасност на целиот македонски општествен систем. Таа мобилизација на македонскиот дух, ум и знаење не се сведува на обична јалова приказна, нити на политичко-пропагандна кампања, туку тоа е платформа и дискурс за генералната стратегија на општествениот развој на нашата држава.

При тоа, успешното менаџирање со научната инвазија особено ги чини многу значајни два моменти.

Прво, тоа е третманот на науката во Македонија. Науката не е непотребна потрошувачка, туку претставува производна и високопрофитна сила на современите социјални движења. Таквото сознание и оценка сеуште не се доволно застапени во македонскиот јавен дискурс за обезбедување на општествениот развој. Дури во некои делови и слоеви во нашето општетсво дискурсот за значењето на современата наука се сведува на ставови од типот дека науката е занимација на тнр. научници, или науката е еден дел од висотото образование и нема голема употребна вредност за практиката, дека нејзиното место е во академските аули, амфитеатри и кабинети и слично. Ваквите гледања се не само штетни за самата наука, туку и го отсликуваат нивото на неукост и неупатеност на голем број од населението во општите текови на денешницата. Можат дури и да влијаат во определена мера врз дефинирањето на третманот и значењето на науката денес. Ова упатува на потребата од современа системска поставеност на науката низ функционирањето на нејзините институции и нејзината социјална моќ. Исто така, тоа го отвара и проблемот на нивото на критичката мисла, критичкиот ум и на колективниот умствен потенцијал на македонското општество, Сите се согласуваат дека тоа ниво е сеште ниско и не ги задоволува просечните стандарди на развиените општества што предизвикува обврска кај елитите секојдневно да се ангажираат за подигнување на ова ниво. Зашто ваквата состојба е една од најчестите причини за застој на прогресивните помаци на македонската реалност. Во оваа смисла, потребни се постојано отворени разговори на оваа тема и мудро користење на енспертските искуства и знаења во одделни области од општествениот живот. Таков пример во оваа насока се настапите и залагањата на професорот Ѓорѓи Илиевски кој  со своите јавни анализи секојдневно ги актуелизира состојбите во врска со образовниот систем во РСМ и пошироко.

Второ, кадровските состојби во сферата на науката се далеку од потребите за успешниот македонски удел во научната инвазија. Во македонската јавност се изразува задоволство дека на најпознатите светски факултети и институти се наоѓаат голем број македонски научници. Меѓутоа, тие работат за други интереси, компании итн. Соработката со нашите научни агенси не е доволна нити е пресудна за научните дострели и ангажирања во македонската општествена практика и развој. Успешната стратегија за развој на македонскста наука и за нашата подготвеност за одгвор на научната инвазија мора да почива врз напорите нашите истражувачи да функционираат во македонските институции. Квалитетот на кадровската структура во македонската наука треба првенствено да се оценува според состојбите и квалитетот на научните институции и отворените можности за нејзино учество во подемот на македонската држава, а не според бројноста на македонскиите граѓани во странските научни институции.

Back to top button
Close