Уапсени 15 лица во Грција кои преку фиктивни компании незаконски се стекнале со 4,8 милиони евра од поврат на данок
Инспекторите од Независната управа за јавни приходи на Грција (ААДЕ) откриле нов случај со даночни измами во земјата, односно била разбиена организирана мрежа од фиктивни компании кои преку фиктивни и лажни трансакции и фактури затајувале данок и барале нелегален поврат на ДДВ при што уапсени се 15 лица, меѓу кои и банкарски службеници и сметководители, а незаконски се стекнале со 4,8 милиони евра.

Мрежата функционирала така што компаниите формално работеле во различни дејности, но зад нив често стоеле лица без соодветно деловно и професионално искуство.
Како управители или единствени сопственици биле пријавувани невработени лица, сопственици на локални кафулиња и други лица без видлива деловна активност, а преку размена на фиктивни фактури со високи износи, мрежата создала механизам за систематско затајување данок и незаконско добивање поврат на даночни средства.






