Пронајдениот мртов маж вчера кај Смилковци можеби бил застрелан


Станува збор за Един Ш. од скопското село Љубин, а во непосредна близина на неговото тело бил пронајден и автомобил „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кој претходно го управувал.

Според информациите, причините за смртта се истражуваат, а телото е предадено на обдукција за утврдување на причините и околностите под кои починал.

Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека случајот бил пријавен утрово, на 21 ноември, во 06:15 часот, по што полициски службеници веднаш биле испратени на местото на настанот.

На местото пристигнала и екипа на Итната медицинска помош, која констатирала смрт. При прегледот била забележана прострелна повреда во пределот на ногата.

Обдукцијата и понатамошната истрага треба да дадат одговор на овие прашања, додека полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Back to top button
Close