Нов инцидент поради кравите во Крива Паланка: Три девојки нападнале 67-годишна жена

Ситуацијата со кравите во кривопаланечко излезе од контрола. Полицијата регистрира случај на физичка пресметка меѓу жени поради недоразбирање околу крави кои правеле штети.
Шеесет и седумгодишна жителка на село Дрење пријавила во полиција дека била нападната од две жени кои и нанеле тешки телесни повреди констатирани во Здравствениот дом во Крива Паланка.
На 21.11.2026 во 09:00 часот во ОВР Крива Паланка, Д.Д.(67) од село Дрење, кривопаланечко пријавила дека во село Дрење била физички нападната од Г.Ѓ. А.Ѓ. и А.Ѓ. поради недоразбирање околу крави кои правеле штети, при што и нанеле тешки телесни повреди констатирани во Здравствен дом Крива Паланка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира полицијата во денешниот билтен.






