Алкалоид се стекна со девет голови предност по првиот дуел со Горење во Европскиот куп

Ракометарите на Алкалоид забележаа убедлива победа во првиот натпревар од 1/16 финалето од ЕХФ Европскиот куп.
Вечерва во „Автокоманда“ во Скопје, македонскиот тим славеше победа со 32:23 против словенечкиот претставник Горење.
Реваншот во Словенија ќе се игра следниот викенд.
Пласман во осминафиналето на ЕХФ Европскиот куп вечерва обезбеди ГРК Охрид по втората победа над Драгунас Клаипеда од Литванија.






