Маѓар на гости кај Зеленски
Унгарскиот премиер Петер Маѓар денеска изјави дека во текот на денот ќе отпатува во западна Украина за да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Денеска патувам во Закарпатје, каде што ќе разговарам со претседателот на Украина и ќе се сретнам со претставници на унгарската заедница“, напиша тој во објава на Фејсбук.
Како што додаде, заедно со министерот за надворешни работи и заменик-премиерката Анита Орбан, ќе посети неколку унгарски институции.
Тој истакна дека ова е прва посета на еден унгарски премиер на Украина од 2015 година.






