Сиљановска: Славевски беше мој личен избор, дојдов од почит кон граѓаните иако не сум надлежна. Го испофали Фулбрајтовиот стипендист
Претседателката Сиљановска денес сведочеше на надзорната расправа

Дојдов зради граѓаните и почитта кон оваа институција, претходно сум притуствувала на надзорна расправа за Еуростандард банка и тогаш не беа повикани ниту претседателот, ниту премиерот, иако тогаш директно беше вмешана министерка. Јас не сум сигурна дека сум надлежна по ова прашање. Моите мисли во овој период се најмногу со засегнатите граѓани, рече Сиљановска во воведното обраќање.
Претседателката одговараше на прашањата на пратениците Соња Мираковска и Никола Мицевски.
Бизарно и навредливо е да бидам поврзувана со Мацура, рече Сиљановска и додаде дека Уставот ја гарантира самостојноста на НБРМ, а Законот за Народната банка ја гарантира нејзината независност. НБРМ не смее да прима насоки од никого, вклучувајќи го и претседателот, објасни Сиљановска.
Претседателот нема надлежност за издавање и одземање дозволи, банкарски супервизии, воведување администрација во банката, објасни претседателката.
– Околу прашањето за именувањето, Претседателот предлага, Собранието го избира гувернерот на НБРМ. Не само што Трајко Славевски ги исполнува законските услови, туку е професор со 40 годишно работно искуство, еден од ретките со Фулбрајтова стипендија за Харвард, еден од ректите со престои на престижни универзитети. Во текот на мандатот тој не може да има партиско членство или функција, не претходно. Неколку први луѓе на Светска банка, ММФ претходно биле министри за финансии, или обратно, тоа воопшто не мора да значи фрлање сенка на стручноста и компетентноста, објасни Сиљановска која вели дека за можниот предлог се консултирала со професори од Правниот и Економскиот факултет, како и со поранешната гувернерка.
Славевски беше мој личен избор, нагласи Претседателката.






