Шасивари пред известителите на Венецијанската комисија го претставил предложениот модел за правосудниот испит

Министерот за правда Јетон Шасивари денеска пред известителите на Венецијанската комисија го претставил предложениот модел за полагање на правосудниот испит, образложувајќи ја уставната и законска основа на иницијативата, правната аргументација за предложениот модел, како и спроведениот консултативен процес со претставници на правните факултети, деканите и студентските организации.
Средбата е одржана во рамки на постапката за добивање мислење од Венецијанската комисија, која, како што порачал Шасивари, е со цел да се добие независна, објективна и стручна правна оценка, со цел да се обезбеди решение кое ќе биде уставно, правно одржливо и усогласено со европските стандарди.
„Целта на предложеното решение е обезбедување еднаков пристап до правосудниот испит за сите кандидати, без притоа да се доведат во прашање професионалните критериуми, квалитетот и интегритетот на испитот. За нас, ова прашање не е прашање на политичко натпревар, туку прашање на еднаквост пред законот, еднакви можности и доследно почитување на професионалните стандарди“,
порачал министерот за правда пред известителите на Венецијанската комисија.
Шасивари истакнал дека Министерството за правда ја цени експертизата на Венецијанската комисија и останува отворено за нејзините препораки и предлози, оценувајќи дека институционалниот дијалог и стручната правна анализа се најдобриот пат кон изнаоѓање одржливо решение.
Владата ќе бара итно мислење од Венецијанската комисија за предложениот модел за полагање на правосудниот испит
Владата на 10 ноември ја усвои потребата од добивање итно мислење од Венецијанската комисија за предложениот модел за полагање на правосудниот испит. Предложениот модел, се вели во соопштението, предвидува единствен систем на полагање, со еднакви услови и исти професионални критериуми за сите кандидати, без посебни испити или различни стандарди.
Мицкоски: Едниот дел од правосудниот испит ќе се полага на јазикот на студирањето, а другиот на македонски





