Парното поскапува од 1 декември, сметките во просек повисоки за 188 денари

Од 1 декември цената на топлинската енергија во Скопје ќе се зголеми, откако Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за корекција на цените поради поскапувањето на природниот гас.

За домаќинствата што се снабдуваат преку ЕСМ Снабдување, ЕСМ Дистрибуција, ЕСМ Производство на топлина и ЕСМ Енергетика, зголемувањето во просек ќе изнесува 7,56 отсто. Кај корисниците приклучени на мрежата на поранешната Топлана Скопје Север, со која сега управува „Енерџи Еколинк“, цената ќе биде повисока за 5,84 отсто.

Со новата одлука просечната сметка ќе се зголеми за 188 денари и ќе изнесува 2.681 денар.

Од РКЕ информираат дека одлуката следува по вонредните барања на сите компании што ги снабдуваат потрошувачите со топлинска енергија во Скопје за промена на регулираниот максимален приход и ревидирање на цената, утврдена во јули, а во сила од 1 август 2026 година.

Во Скопје топлинска енергија користат близу 70.000 потрошувачи

 

Back to top button
Close