Магла со намалена видливост до 50 метри на патот Тетово – село Лисец, сообраќајот се одвива непречено

 Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, информира Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП).

 

Намалена видливост поради појава на магла, до 50 метри, има на патниот правец Тетово – село Лисец.

 

Сите патни правци во државата се проодни, но на одредени делници што минуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони.

 

ЈП „Македонијапат“ апелира до возачите да управуваат внимателно со возилата, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да ја приспособат брзината кон условите на патот.

 

Дежурните екипи на претпријатието се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

Back to top button
Close