Заев не верува дека повторно ќе има карантини, смета дека е најважно почитувањето на мерките

Премиерот Зоран Заев вели дека најважно е секој граѓанин да се придржува до актулените мерки да се одржува растојание и да се носат маски. Тој во интервју за МРТВ вели дека не верува оти е возможно повторно да се враќаат рестриктивните мерки како карантини или друг вид на ограничување на движењето на граѓаните.

„Надежта ми е кај граѓаните дека ќе ги почитуваме мерките, колку помалку почитуваме мерки толку повеќе ќе има рестриктивни мерки и во делот на движењето – социјалниот живот и во делот на економијата и во делот на се што значи нормален живот на граѓаните. Колку толку со маските имаме поприлично нормален живот“,вели Заев.

Тој додаде дека казните за непочитување на мерките ќе продолжат и порача дека никој нема да биде амнестиран.

„Јавно апелирам до сите, тоа е наредба и на Владата, дека секоја казна мора да има конечна ефектива, да биде платена. Повторувањето на казните повлекува кривична одговорност, бидејќи тоа може да биде со последици за околината. До крај максимилизација на санкциите на сите што не ги почитуваат мерките. Некојпат е здраво да има санкција посебно кога се работи за здравјето“, рече тој.

Back to top button
Close