19 пратеници од СДСМ, 15 од ВМРО ДПМНЕ, тројца од ДУИ… побарале надоместок од Собранието
Скоро сите пратеници од претходниот парламентарен состав, независно на која партија односно коалиција припаѓаат, поднеле барање за Собранието да им исплаќа плата и по нивниот мандат. Вкупно 19 пратеници од СДСМ и коалицијата бараат апанажа, потоа, 15 од ВМРО-ДПМНЕ, четири од Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, тројца од ДУИ, двајца независни пратениви и еден од Алтенратива, дознава „А1он“. Меѓу пратениците има и имиња кои во собраниските клупи седеле и по неколку мандати. Најголем дел од нив, бараат да добиваат апанажа една година, а има и такви кои сакаат Собранието да им одобри исплата на средства и повеќе од 12 месеци, се до нивното пензионирање.
Александар Кирацовски, Хари Локвенец, Милева Горгиева, Сашко Атанасов, Далибор Богдановски, Агим Муртезанов, Благојче Трпевски, Сашко Костов, Тања Ковачев, Мери Лазарова, Бетиан Китев, Славица Шуманска Митева се пратениците од СДСМ, кои бараат од Собранието да добиваат апанажа следните 12 месеци. Пратеникот Александар Филиповски, кој дојде на местото од Павле Богоевски, по престанокот на мандатот бара да добива апанажа наредните девет месеци, дознава „А1он“. Од коалицијата на СДСМ, апанажа наредните 12 месеци бараат и Мирослав Јовановиќ, кој е претседател на Српската странка во Македонија и Алија Камбероски од ПЕИ, потоа, Амди Бајрам кој бара исплата на апанажа само за август бидејќи потоа заминува во пензија. Освен овие имиња, меѓу барателите на апанажа е и Александра Цветкоска која влезе во Собранието на местото од Горан Милески кој стана министер за локална самоуправа.
Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, скоро сите бараат апанажа да им се исплаќа 12 месеци. Меѓу нив се Владимир Ѓорчев, Илија Димовски и Трајко Вељановски кои 14 години, односно пет мандати беа пратеници. Потоа, Лилјана Затуроска која беше пратеничка од 2009 година, односно повеќе од една деценија. Според нашите извори, на листата се и Емил Димитриев, Трајчо Димков, Зоран Илиоски, Весна Дамчевска Илиевска, Магдалена Манаскова, кои седеа во собраниските клупи по два мандати. Од останатите, апанажа бараат Иван Иванов од Штип, Благоја Деспотоски, Јохан Тарчуловски, Никола Попоски.
…