ВИДЕО: „Мртов Шиптар, добар Шиптар…“ – скандалозен говор на омраза од навивачи на плоштад Македонија

Петрит Сарачини на својот Фејсбук профил објави видео на кое се гледа како навивачка група која поминува на плоштадот Македонија извикува скандалозни слогани – говор на омраза. Меѓу другото се слуша „Мртов Шиптар, добар Шиптар…“

Не барам од моите пријатели Македонци да го осудат ова. Тие што ми се добри пријатели, знам дека го осудуваат. А од „пријателите“, тапшачите по рамо, „неутралните“, оние што за извиците на Комити молчат а редовно ме прашуваат „а каде си ти за Балистите и Шверцерите…“ што сум ги осудил стопати (ама нема кој да прочита) – нема поента ни да се бара каква било осуда. Тие само го мислат она што Комитите гласно го кажуваат. Многу побитно за сите нас – Да бараме од МВР и од Обвинителството да преземат мерки против ова разгорување на меѓуетничка омраза. По службена должност, како што вели Кривичниот законик за вакви дела!#StopZaOmrazata

Petrit Amon Mra Saracini 发布于 2020年9月13日周日

„Не барам од моите пријатели Македонци да го осудат ова. Тие што ми се добри пријатели, знам дека го осудуваат.
А од „пријателите“, тапшачите по рамо, „неутралните“, оние што за извиците на Комити молчат а редовно ме прашуваат „а каде си ти за Балистите и Шверцерите…“ што сум ги осудил стопати (ама нема кој да прочита) – нема поента ни да се бара каква било осуда. Тие само го мислат она што Комитите гласно го кажуваат.
Многу побитно за сите нас – Да бараме од МВР и од Обвинителството да преземат мерки против ова разгорување на меѓуетничка омраза. По службена должност, како што вели Кривичниот законик за вакви дела!
#StopZaOmrazata“, напиша Сарачини на Фејсбук.

Инаку попладнево во Скопје се играше натпреварот меѓу екипите на Вардар и Шкупи од првата македонска фудбалска лига.

Back to top button
Close