А, што ќе се случува во СДСМ?
Деновиве сите се занимаваат со старата-новата влада. Разбирливо: ново парламентарно мнозинство и пазарења за ресори, најавени министерски оставки на оние кои сакаат (или мораат) да си заминат, пораки и контра-пораки од Бугарија, збунетост кај меѓународната заедница (а кога не биле?!), Заев уште се појавува и шета ваму-таму, Ковачевски и понатаму е енигма за најголемиот дел од јавноста, интервјуа, коментари и анализи по сите медиуми, кој како ќе стигне!

Сепак, по катарзата на изборот на нов партиски претседател, релативно малку внимание и време се посветува на „позадината“ на она што ќе следува во персонално-политичките перипетии во извршната власт, што ќе произлезат од кадровските решенија и екипирањето што прво ќе следуваат во СДСМ, а потоа и во Владата.
Со други зборови, фатив да вртам телефони по партиските и други „кремљолози“ надлежни за СДСМ…
„Партијата – ми вели еден добро упатен социјалдемократски извор – нема лесно да се предаде пред ‘будимпештанската’ инсталација во ВМРО-ДПМНЕ и нивните ‘влажни сништа’ за брзо и лесно преземање на власта!“
По дебаклот на локалните избори, општинските организации на СДСМ поминуваат низ период на комбинирана депресија и исчекување. Партијата во само неколку општини има свои избрани градоначалници и мнозинства во општинските совети, а на другите места нивните градоначалници се во ситуација да водат компликувани меѓупартиски, но и преговори со независни, непартиски фракции и советници за водење на локалната политика.
„Врз“ тоа е надвисната неизвесноста за новото партиско раководство коешто сегашниот претседател Димитар Ковачевски допрва ќе треба да го воспостави, а потоа и да го менаџира. Како што е познато, таму постапката ќе биде прво со конгресно кадровско „проширување“ на членовите на Централниот одбор на партијата (состав избран во мај годинава) со десетина предлози од страна на самиот Ковачевски, за кои потоа се очекува да бидат главната „окосница“, рамката на новиот функционерски состав на Извршниот одбор на партијата, од кого барем половината од сегашните 18 членови ќе ги напуштат функциите
…
Колумната на Сашо Ордановски во целост прочитајте ја тука






