А1он: Газдите до работничките во штипските конфекции: Кој преживее, преживее. Заразени, незаразени, ќе седите тука

Стравот од заразата со Ковид-19 е речиси еднаков со стравот да се остане без работното место во некоја од штипските конфекции.

Атмосферата на грубо и неправедно однесување на газдите продолжува, иако овој град со 106 заболени од коронавирусот се искачи на високото 6-то место по бројот на заболени, а кривата секојдневно оди нагоре. Сведоштвата на работнички што бараат газдите да се вразумат и да не им ги ризикуваат здравјето и животот покажуваат дека многуте апели и уредби за почитување на мерките биле прекршени.

Преписките меѓу вработени во конфекции, до кои дојде „А1он“ илустрираат каква е состојбата, на што се подготвени работодавците во време на кризата и колку е голем стравот на работничките да проговорат за третманот врз нив.

„Ми вика – заразени, незаразени, ќе седите тука, кој преживее, преживее. Решив да не одам на работа, ама не знам кој ќе ги рани децата зашто и онака останаа без татко“, вели една од работничките.

повеќе

Back to top button
Close