Аца Лукас пладнево бараше идни турбофолкери во МКЦ во Скопје
Денеска на пладне во киното Фросина во МКЦ се одржа аудиција на млади музичари.
Од МКЦ во телефонски разговор за Либертас потврдија дека на аудицијата како член на жири комисијата присутен бил и српскиот турбо фолк изведувач Аца Лукас.
Аудицијата од овој тип во Младинскиот културен центар наиде на револт и критики кај скопјани, а пред сè кај уметниците за кои МКЦ е култно место на уметност и култура, а не простор за избор на турофолкери.