Седлоски со осум промени во составот ќе стартува против Словенија

Македонската фудбалска репрезентација на вечерашниот дуел ќе има осум нови имиња во стартните 11 во однос на претходниот дуел со Швајцарија. Селекторот Гоце Седлоски се реши натпреварот со Словенија на стадионот „Стожице“ да го почне со следниот состав: Димитриевски – Стојчевски, Младеновски, Мелиќи, Аломеровиќ – Атанасов, Гаштаров – Митровски, Елези, Елмас – Омерагиќ.

На клупата за резерви остана капитенот Енис Барди, а во однос на дуелот со Швајцарија во стартните 11 останаа голманот Димитриевски, Елмас и Гаштаров.

Почетокот на натпреварот е во 20:45 часот, а македонската репрезентација се очекува да има и поддршка од околу 1.000 македонски навивачи на стадионот во Љубљана.

Back to top button
Close