Пентагон ќе ги намали позициите на генерали и адмирали за 20 проценти

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет ќе објави план за намалување на бројот на генералски и адмиралски позиции во американската војска за 20 проценти, како дел од реорганизацијата на Пентагон.

Фокс њуз објави дека Хегсет ќе го открие планот утре за време на обраќањето за состојбата на американските оружени сили во Квантико, Вирџинија.

Според меморандуми прегледани од телевизискиот канал, Хегсет претходно овој месец одобрил планови за намалување на бројот на генералски и адмиралски позиции во копнената војска, воената морнарица, ВВС и здружените сили.

Промените се планирани да се спроведат до 1 јануари 2027 година.

Најновото намалување се однесува на бројот на систематизирани генералски и адмиралски позиции и не значи дека 20 проценти од офицерите кои моментално имаат чин генерал или адмирал ќе бидат отпуштени, изјави извор во Министерството за одбрана на САД за Фокс њуз.

Back to top button
Close