Администрација на Трамп: Универзитетите кои спроведуваат програми за правична застапеност ќе бидат лишени од државно финансирање

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп предупреди дека колеџите и универзитетите кои ја спроведуваат политиката за правична застапеност ќе бидат лишени од федералното финансирање.

Новата администрација на Трамп врши огромни напори за укинување на таканаречената политика за разновидност, еднаквост и инклузивност (ДЕИ) при вработување во федералната влада и приватниот сектор.

Активистите за човекови права тврдат дека со програмите на ДЕИ се помагаат маргинализираните заедници со тоа што се намалува нееднаквоста која потекнува од историски преовладувачкиот расизам во САД. Трамп и неговите истомисленици сметаат дека овие програми се дискриминаторски кон белците и мажите.

Во писмо од Министерството за образование испратено до колеџите се наведува дека во наредните две недели ќе се спроведе проценка за усогласеноста со федералните закони за граѓански права, а институциите што нема да ги почитуваат овие закони може да се соочат со потенцијална загуба на федералното финансирање.

Програмите за ДЕИ активно се спроведуваа од претходната администрација на Џо Бајден, а за поправично застапување во федералната влада на групи кои историски биле маргинализирани, како што се Афроамериканците, припадниците на ЛГБТК+ заедницата, жените, лицата со попреченост и други етнички малцинства во САД. 

Back to top button
Close