Администрацијата на Трамп дава контрадикторни информации за неговото здравје

 

Додека претседателот Доналд Трамп е во државната воена болница „Волтер Рид“ Администрација во Вашингтон дава контрадикторни информации за неговото здравје, а јавноста во Америка е сѐ позагрижена за здравјето на својот претседател.

Така на пример, Шон Конли личен лекар на Трамп, денеска изјави дека неговиот пациент бил дијагностициран со коронавирус пред 72 часа, многу пред самиот претседател да објави дека е позитивен.

После ова, се реконструираше временската рамка кога навистина Трамп се инфицирал и дали тоа било уште во средата, кога можел да ја прошири болеста кај голем број луѓе. Во средата тој патуваше на митинг во Минесота, а во четвртокот бил на донаторска средба во Њу Џерси, самиот претседател пак објави дека има коронавирус во петкот наутро.

Сепак, во меморандум веднаш потоа објавен од портпаролката Кејли Мекенани, д-р Конли појасни дека мислел да каже дека претседателот веќе трета ден имал коронавирус и дека погрешно кажал „пред 72 часа“.

На брифинг пред болницата, тој изјави дека има голем прогрес во лекувањето.

-Во четвртокот тој имаше слаба кашлица, мала настинка и умор, кои сега се поминати и (се чувствува) подобро.

Коментар на извор близок на Белата куќа, пак укажува на спротивното. Се верува дека изјавата е дадена од Марк Медоус, шеф на кабинетот, кој на брифинг кажал дека „здравствената состојба на претседателот е загрижувачка и следните 48 часа ќе бидат критични во однос на неговата нега. Сеуште не сме излезни на пат кон полно закрепнување“, пренесе денеска Си-ен-ен.

Инако, Трамп во болницата сега поминува третман со експерименталниот лек „ремдесивир“ и според лекарите тој се чувствува добро. Конли спомена дека претседателот не е повеќе на апарат за дишење но не кажа кога бил вклучен и колку време тоа траело.

Самиот Трамп денеска твитна: „мислам дека оди добро. Благодарам на сите. Со љубов,“ и потоа се заблагодари на тимот доктори, болничари и медицински сестри од болницата во Бетесда, Мериленд, каде тој ќе ги помине наредните денови.

Back to top button
Close