Административците кои немаа работни места се распределени, до крајот на јануари треба да почнат да работат

– Заокружен е трансферот на административните службеници вработени преку програмата К-5 во Министерството за политички систем, така што 1.349-те службеници, претежно економисти и правници, но и кадар со средно образование, се распределуваат во 237 институции, органи на државната и локалната самоуправа и други државни органи. Првиот вицепремиер и министер за политички систем во Владата Артан Груби на денешната прес-конфереција соопшти дека листата на лица кои не беа распределени на работни места е прочистена, дека се направени претходни проверки и веќе се доделени некои отказни решенија, а некои лица сами поднеле барање да им се раскине договорот.

Најголем дел од овие 1.349 лица се распределени во Агенцијата за вработување – 20, во Агенција за заштита на лични податоци -30, Агенција за храна и ветеринарство -10, Агенција за катастар -29, Влада – СОЗР -12, Дирекција за заштита и спасување -10, Државен архив -12, Државен завод за статистика -15, Државен инспекторат за труд -12, државно правобранителство -74, ЈП Државни патишта -10, Клиничка болница Тетово -25, Болница Куманово – девет, Меѓуопштински центар за социјална работа Гостивар осум, МВР – 143, Државен пазарен инспекторат – 35, МЖСПП пет, Министерство за земјоделство – 21, МИОА – 11, МНР – 26, МОН – 11, Управа за водење на матични книги – 41, Министерство за транспорт и врски – 10, во МФ – 25, во имотно – правни – 10, во УЈП – 92, во Царинска управа – 74, Основен суд Тетово – 10, ЈО Тетово – 10, ПИОМ – 13, ФЗО – 22, ЦУК – 24 и итн.

– Во овој план нема само Албанци, туку има и Македонци, Роми,Турци, Срби и Бошњаци, рече Груби.

Првиот вицепремиер е убеден до крајот на следната недела ќе завршат со потпишување на актите за упатување бидејќи бројката е голема и мора да се почитуваат протоколите за заштита од Ковид-19 и дека овие луѓе ќе започнат со работа до крајот на јануари.

Back to top button
Close