Џафери: Ако пратениците треба да се откажат од патните трошоци, тогаш и сите во Владата нека одат на работа со тротинет
Ако Владата достави законски измени за понатамошно кратење на трошоците на пратениците, тогаш и јас ќе предложам сите во Владата да се откажат од службените возила и секаде да одат со тротинет, вели претседателот на Собранието, Талат Џафери, на денешниот редовен брифинг со новинари, кој е прв во мандатот на овој собраниски состав.
Тој вели дека треба да се обезбедат нормални услови за работа и да се има предвид дека пратениците доаѓаат од различни места во државата и дека ги претставуваат гласачите од изборните единици од кои доаѓаат
-Ако не, пак, ајде да го смениме Уставот и да кажеме дека веќе не сме парламентарна демократија-рече Џафери на денешниот брифинг.