Африм Гаши најави дека е можно Алтернатива да биде нов владин партнер место Беса

Претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, во своето гостување на ТВ21 посочи дека пратениците од неговата партија ќе бидат конструктивни, најавувајќи дека е можно да преминат во редовите на владејачкото мнозинство, доколку имаат „силна потврда“ дека земјава во скоро време ќе добие датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ.

На директното прашање дали Алтернатива ќе остане во опозиција или ќе влезе во владата, Гаши рече дека е тоа „лесно прашање но и дека одговорот е тежок“.

-Да направиме анализи. Да се консултираме со меѓународниот фактор и ќе донесем одлука. Ако имаме силна потврда дека блиску сме до датум, тогаш немаме дилема каде треба да се ориентираме – рече Гаши

Back to top button
Close