Гаши за Илинден наместо на „Мечкин камен“ ќе оди во Египет.

Африм Гаши наместо на Мечкин Камен во Крушево на втори август во Египет . Собранискиот спикер повторно нема да биде дел од илинденските чествувања . На цемтралната манифестаија во Крушево ќе се обрати потпретседателот на Собранието Антонио Милошоски наместо Гаши. Според информации на ТВ 24 Гаши бил поканет на конференција во Египет за борба против дискриминација кон исламот и проценил дека тоа е побитно и за државата и за Собранието од обраќањето на Илинден во Крушево. Официјално собранискиот спикер за тв 24 само кусо вели дека ќе бил на службен пат, но не одговори каде и што е толку битно.
Нема никаква тенденција, таман работа. Ќе бидам на службено патување, вели за Гаши за ТВ 24
Сепак ова не е првпат собранискиот спикер да не се појави на Илинден , на едно од местта на кое ротира со Претседателката на државата и премиерот . Гаши и лани беше отсутен од одбележувањето на Пелинци, тогаш причината беше здарвствена , а во негово име се обрати потпретседателката на Собранието Весна Бендевска. Од изборот за прв паралемнтарец во 2024 се има појавено само еднаш првта година во Скопје и тоа кога манифестацијата се одржа пред законодавниот дом. За разлика од него Талат Џафери кој освен кога имаше Ковид , и место него се појави Горан Мисовски, не пропушти прилика да се појави на втори август .
Според годинешнава ротација , во Скопје на споменикот на Методија Андонов ченто делегацијата ќе ја предводи шефицата на државата Гордана Силјановска Давкова, додека пак премиерот Христијан Мицксоки ќе биде во Пелинце. Првиот човек на СДСМ ќе се појави во Крушево, додека пак лидерот на Али Ахмети традиционално ќе ги прескокне чествувањата на 2 август.






