Ахмети објави фотографија со Рокас: Нашиот пат кон Европа останува непоколеблива политичка и стратешка ориентација t

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на социјалните мрежи го честиташе Денот на Европа и објави фотографии со евроамбасадорот Рокас.

– Вечерва, заедно со колегите, присуствував на приемот организиран по повод Денот на Европа, настан што ги симболизира вредностите на соработката, мирот и европската интеграција.

Нашиот пат кон Европа останува непоколеблива политичка и стратешка ориентација. Посветеноста кон силни институции, еднаквост, демократија и европска перспектива за нашите граѓани продолжува со целосна посветеност, стои во објавата на Ахмети

Back to top button
Close