Ахмети открива дека Мицковски пред 100 дена му понудил предвремени парламенарни со локалните а после се повлекол

Ахмети откри и дека премиерот Христијан Мицкоски пред 100 дена му понудил предвремени парламентарни избори заедно со локалните, но подоцна се премислил. Сепак, Ахмети не го смета прашањето за затворено и не исклучува натамошни разговори со Мицкоски.

Ахмети тврди и дека понудата за предвремени парламентарни избори заедно со локалните првично дошла од премиерот Христијан Мицкоски, уште пред да истечат 100-те дена Влада и пред тој да го предизвика на предвремен маратон лидерот на Социјалдемократскиот сојуз, Венко Филипче во Собранието.

Не прецизира дали понудата за предвремени парламентарни избори била дел од договорот Мицкоски – Ахмети, за ДУИ да ја гласа рееорганизацијата на Владата.

Според него, главниот мотив на премиерот во октомври да има двојни избори бил да се заштедат пари, но и тоа што ако наесен има избори, државата дури во 2029 година ќе гласа на три изборни циклуси.

Ахмеети тврди дека потоа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ се премислил и најавил дека најрано парламентарни избори може да има во 2026 година.

Сепак, за лидерот на ДУИ, тоа прашање се уште не е затворено и за таа цел не ја исклучува и можноста за разговори со Мицкоски.

Во контекст на локалните избори, Ахмети потврди дека имал три средби со Арбен Таравари, но засега не е прецизирана формата на соработката. Не ја исклучи ниту можноста за соработка со СДСМ, особено доколку се одлучи да се трча на двојни избори наесен. Одлуките, како што рече, ќе ги донесат највисоките партиски органи на ДУИ во рок од една недела.

 

Back to top button
Close