Ахмети потврди дека Груби се наоѓа на албанска територија,ќе се врати но не пред одмаздичка правда“

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, за косовските медиуми зборуваше за поранешниот прв вицепремиер Артан Груби по кого веќе е распишана потерница, а изречена е и мерка притвор, пренесува ТВ21.

Ахмети рече дека Груби не избегал и дека тој самиот немал контакт со него, но тврди дека има информации дека поранешниот прв вицепремиер е добро и дека се наоѓа на албанска територија.

Лидерот на ДУИ вети дека Груби ќе се врати и дека ќе се појави пред органите на правдата, но не и, како што рече, пред „одмазничката правда“.

Ахмети уште еднаш го повтори својот став дека во Македонија треба да се изврши ветинг за да се истражи политичката активност и богатството на секој носител на високи државни функции.

– Ние сме против селективна правда и употреба на навреди и клевети за дневно-политички цели и подготвени сме да одговориме во секој момент. Груби не избега, ќе одговара пред органите на правдата, но во договор правдата да не се злоупотребува за политички цели – изјави првиот човек на ДУИ, пренесуваат дел од медиумите во земјава на албански јазик.

Ахмети е во посета на Косово каде присуствувал на прием за ветераните на ОВК, организиран од лидерот на косовската опозиција, Рамуш Харадинај.

Back to top button
Close