Ахмети за „Ди пресе“: Време е за премиер Албанец

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети во интервју за „Ди пресе“ изразува убедување дека ќе биде избран првиот премиер Албанец. Ова, вели Ахмети, не го правиме за да ја поделиме земјата, туку да ја обединиме.

– Ние, Албанците сме еднакви граѓани на Северна Македонија и придонесуваме многу. Сега е историски момент за да ја предводиме земјата. Време е за еден премиер Албанец. Ние ова не го правиме за да ја поделиме земјата, туку да ја обединиме. Ништо лошо нема да и се случи на земјата. Ова не се случи ниту кога за прв пат еден Албанец стана министер за одбрана и друг стана министер за внатрешни работи и кога еден Албанец се избра за претседател на Собранието. Претседателот на Собранието успеа да ги намали разликите помеѓу двете македонски партии. Еден премиер независен од партиите е нашиот следен чекор, вели Ахмети.

Според него, ако нивната идеја биде поддржана од граѓаните, тогаш македонските партии ќе мора да прифатат премиер Албанец.

–  Разочарувачки е да ја видиш тоталната паника на македонските партии. Не треба да биде вака- особено со социјалдемократите. Нашата земја нема потреба од хегемонистички политики. Јас очекувам моите македонски колеги да ја поздрават и да ја прифатат ова идеја. Ние треба заедно да ги воспоставиме европските вредности, вели Ахмети.

Прашан со која од македонските партии ќе коалицираат и која ќе ја прифати оваа идеја, Ахмети со став дека тоа ќе се одлучи на 15 јули.

Посочува дека 70 до 80 проценти од Албанците и другите помали заедници ја поддржуваат идејата за премиер Албанец и како што вели, на 16 јули, ден по изборите, заедно ќе отворат ново поглавје.

Back to top button
Close