АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело

Од македонскиот пазар се повлекуват производите на „Атлантик Штарк“: Колачи какао перелив 220 гр. серија 1507482842 и Најлепше жеље кукис 145 гр. ноисет, серија 1507483391, двата со рок на траење до 11.05.2025 година, поради можност за „присуство на надворешно тело“, апелираат од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).

Од АХВ за МИА изјавија дека доколку потрошувачите ги купиле посочените производи да не ги консумираат или да ги вратат на продажното место од каде ги купиле.

– Агенцијата за храна и ветеринарство, вчера, од компанијата „Атлантик траде“ Скопје Доо Илинден доби известување дека поради можност за присуство на надворешно тело, од пазарот ги повлекува производите: 280766 Кексичи како перелив 220 гр. серија 1507482842 со рок на траење 11.05.2025 и 281061 Најлепше жеље кукис 145 гр. ноисет, серија 1507483391 со рок на траење 11.05.2025. Производител на производите кои се повлекуваат според известувањето е Атлантик Штарк доо Белград, Република Србија. АХВ како одговорна институција за безбеднста на храната согласно законските надлежности, ја следи состојбата со повлекувањето на производите. До потрошувачите како и компанијата увозник, упатуваме апел доколку ги купиле посочените производи со сериските броеви и рокови на употреба истите да не ги консумираат или да ги вратат на продажното место од каде ги купиле – изјавија од АХВ.

„Атлантик Штарк“ претходно објави дека од српскиот пазар и од Босна и Херцеговина се повлекуваат производи поради можност за присуство на „туѓо тело“.

Дистрибутерот, соопшти дека од пазарот се повлекуваат производите: Бисквити какао кокос, 220 гр, серија 1207483491, со рок на употреба 08.05.2025 година, Бисквити какао кокос, 220 гр, серија, 1207483492, со рок на употреба 08.05.2025 година, Бисквити со прелив од какао 220гр, серија 1507482841, рок на употреба 11.05.2025 година, Бисквити со прелив од какао 220гр, серија 1507482842, рок на употреба 11.05.2025 година.

Back to top button
Close