Македонски државјанин е уапсен во Солун со над 300 килограми марихуана
Во рамките на меѓународната соработка помеѓу обвинителствата и надлежните служби за борба против недозволена трговија со дрога на Македонија, Косово и Грција, денеска во Солун се откриени 326 килограми марихуана скриени во камион, а уапсени се еден македонски и еден косовски државјанин, соопштија полицијата и Обвинителството.

„Како резултат на повеќемесечната координирана истрага, денеска во Солун се лишени од слобода еден македонски и еден косовски државјанин. При контрола на товарно моторно возило, во приколка биле пронајдени и запленети 324 килограми наркотична дрога марихуана, скриени во осум палети со хартија“, се вели во соопштението од МВР.
Истовремено, се претресуваат и повеќе локации во Македонија во рамки на акцијата, при што се бараат други луѓе кои биле вмешани во мрежата и се обезбедуваат дополнителни докази и предмети поврзани со кривичното дело, велат од МВР и од ОЈО ГОКК






