АХВ пред Велигден го засили надзорот на продажните места за месо и јајца

Храната ќе ја имаме, но може да се случи народот да биде гладен поради високи цени, оцени директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Николче Бабовски, коментирајќи ја руско-украинскта криза и додаде оти растот на цените на прехранбените производи од животинско потекло е поради тројно повисоките цени за храната за животни на светските берзи

Во пресрет на велигденските празници Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) врши засилен надзор на продажните места за месо и јајца, изјави денеска директорот Николче Бабовски и додаде дека од досегашните контроли на инспекторите немало отстапување од правилникот за храна.

„Увозот на храна во државава е контролиран од страна на нашите инспекциски служби и економските оператори, кои се занимаваат со трговија со прехранбени производи и на пазарот не можат да постават небезбеден производ. Целосно се контролира увозот на храна, преку мониторинг-програма за секојдневна контрола“,изјави Бабовски.

Растот на цените на прехранбените производи од животинско потекло, пак, како што посочи директорот Бабовски, е поради тројно повисоките цени за храната за животни на светските берзи, а во однос на влијанието на руско-украинската криза врз квалитетот и количините на храна, посочи дека увозот е под контрола.

„Храната ќе ја имаме, но може да се случи народот да биде гладен поради високи цени. Веќе има повик од Министерството за земјоделство за нови концесии, за да не остане необработено земјоделското земјиште, а и храната да биде безбедна“,рече Бабовски.

Back to top button
Close