Акционерите на Еуростандард ја обвинуваат НБМ за двојна игра на штета на банката

Семејството на Трифун Костовски кое е сопственик на Еуостандард банката за која попладнево гувернерката на НБМ соопшти дека ке оди во стечај за Либертас вели дека се огорчени од двојната игра што цела година ја играла НБМ со банката .

-Ние не велиме дека портфолиото на банката не било лошо но веке цела година на нашата банка од страна на НБМ и беа одземени правата да кредитира односно да работи со клиенти и за таа година доплнително неповратно изгубивме уште 12 тина милиони евра,велат од семејството на Костовски и најверојатно во петок на прес конференција ке ги соопштат нивните видувања како и зошто банката оди во стечај.

Back to top button
Close