Албанско-американско здружение со писмо до Агелер ги повикува САД „да интервенираат во РСМ“ оти се манипулира со Кочани , се провоцира ,а вината се префрлала врз Албанците

Албанско-американското здружение им упати ‘итно писмо’ на амбасадорката на САД во Скопје Ангела Агелер и заменик-шефот на мисијата Никол Варнс, во кое ‘итно ги повикуваат Соединетите Американски Држави дипломатски да интервенираат во  Македонија пред да излезе ситуацијата од контрола’, бидејќи ‘наместо да се смируваат тензиите и да се обезбеди соодветна и вистинска истрага во врска со трагедијата во Кочани, сега се провоцира етничко префрлање на вината врз Албанците од претходната влада’. Албанско-американското здружение  изразува ‘болка поради трагичната загуба на животи на млади во Кочани’, но и ‘зголемена вознемиреност, поради политичката манипулација со оваа трагедија’.Семејствата во Северна Македонија сега се чувствуваат несигурни и стравуваат дека ситуацијата може да ескалира во етнички судир.“ се наведува, исто така, во споменатото писмо до Агелер и Варнс.“ – објави информативниот портал на албански јазик „Порталб“ од Скопје.

„Порталб“ објави: „Албанско-американското здружение, во кое членуваат Здружението „Ускана“, Здружението „Преспа“, Здружението „Езерски бранови“ и Здружението „Дарданија“, испратија итно писмо до амбасадорката на САД во Скопје Ангела Агелер и заменик-шефот на мисијата Никол Варнс, во кое изразуваат „болка поради трагичната загуба на животи на млади во Кочани“, но и „зголемена вознемиреност, поради политичката манипулација со оваа трагедија“, како што велат.“„Натаму во писмото до Агелер и Варнс се изнесува: ‘Во име на албанско-американската заедница во Илиноис и сите албанско-американски здруженија во САД ја изразуваме нашата длабока тага за трагичната загуба на млади животи во неодамнешните настани во Кочани. Овој момент, што го крши срцето,  служи како потсетник дека вредноста на човечкиот живот ги надминува националноста, религијата и расата. Им упатуваме наши најдлабоки сочувства до семејствата на ужалените и стоиме обединети во тагата на сите погодени. Како гест на солидарност ѝ се обративме на локалната Македонска црква, за да ги пренесе нашите сочувства и за да понудиме финансиска поддршка, со цел да им се помогне на оние, кои имаат потреба. Сепак, среде оваа трагедија ние сме и длабоко вознемирени од познатиот и вознемирувачки модел на историјата, кој се повторува.“„Наместо владата да се насочи кон директните криминални одговорности на сопствениците на клубот и сегашните официјални органи, од Албанско-американското здружение вели дека се чини оти вината се префрла врз истакнати поранешни албански функционери, кои се користат како жртвени јарци. Ваквите постапки, велат тие, не само што го одвлекуваат вниманието од вистинската одговорност, туку претставуваат опасност за продлабочување на општествените поделби.“„Нашата албанско-американска заедница е особено вознемирена, поради навредливиот и заканувачки јазик, што го употребуваат премиерот Мицкоски и министерот за внатрешни работи Тошковски кон Албанците. Семејствата во * Македонија сега се чувствуваат несигурни и стравуваат дека ситуацијата може да ескалира во етнички судир. Наместо да работат на смирување на тензиите и да обезбедат соодветна истрага, овие лидери провоцираат етничко префрлање на вината и намерно ги прогласуваат директно вмешаните – членовите на нивната партија – како невини, без никаква истрага, додека Албанците од претходната влада се етикетирани како виновни без редовен процес, со закани дека ќе бидат ‘извлечени за уши од нивните домови’. Ова мора веднаш да престане и без разлика на нивниот политички профил, сите лица кои се држат без судење мора веднаш да бидат ослободени.’ –  се вели во итното писмо до амбасадорката на САД во Скопје Ангела Агелер и заменик-шефот на мисијата Никол Варнс.“„Здружението итно повикува на дипломатска интервенција од САД, како што велат, ‘пред да излезе ситуацијата од контрола, што мнозина од нашите непријатели би сакале да се случи’. ‘Искористете го влијанието на Соединетите Американски Држави, за да осигурите дека сите заедници во * Македонија ќе се обединат, со цел да им се оддаде почит на изгубените животи и да се следи вистинската правда за сите. Ги повикуваме владата и сите релевантни меѓународни институции да ѝ пристапат на оваа ситуација со најголема грижа. Правдата мора да се спроведува објективно, без политички мотиви. Нашето кревко, мултиетничко општество не може да ги издржи натамошната поларизација и нестабилност.’ – наведува споменатото здружение во своето писмо.“„Инаку, Основниот суд во Кочани донесе одлука, со која им одреди 30-дневен притвор на 13-те вмешани во случајот со пожарот во дискотеката ‘Пулс’, меѓу кои медиумите јавуваат дека меѓу нив е и поранешниот министер за економија Крешник Бектеши.

Back to top button
Close