Алберт Муслиу: Во „Мајскиот договор“ од 2007 не стои одредбата „победник со победник“ туку победникот кај немнозинските заедници преговара со мандатарот

За Европскиот фронт не е спорен влезот на „ВРЕДИ“ во Влада туку начинот на кој тоа се први вели за утринската програма на „Слободен печат“ Алберт Муслиу.

Муслиу вели дека Фронтот инсистира тие да ги претставуваат интересите на немнозинските заедници, а не кој да влезе во Влада, затоа што „ВРЕДИ“ не ги претставува немнозинските заедници туку се декларираат како чисто албанска партија. А тоа е нарушување на тој така наречен Бадентеров принцип.

 

„Многу се зборува за тој „Мајски договор од 2007 и во тој договор знам сигурно дека не стои одредбата победник со победник туку стоии победникот кај немнозинските преговара со Мандатарот, и тој не е потпишан само од двајцата политички лидери, туку е потпишан во присуство на нашите меѓународни олеснувачи затоа што и тогаш настана проблем“- вели Муслиу.

 

За начинот на кој Мицкоски сега обезбедува мнозинство од 61 пратеник Муслиу вели дека станува збор за чиста трговија со пратеници.

„Ние реагиравме и на поранешните тргувања со пратеници и тоа не е добар знак ако тоа не е со политички партии. Друго е да склучи договор Мицкоски со некоја од ругите политички партии на пример со ЗНАМ или Левица и така да го обезбеди тоа мнозинство, а друго е ако презема пратеници кои и порано нне им служело на чест и преминуваат во други политички субјекти не како дел од општествениот интерес тука како дел од личниот интерес“ вели Муслиу.

Целото интервју погледнете го во продолжение:

 

 

 

Back to top button
Close