Алиев: Операцијата на Азербејџан во Нагорно-Карабах ќе заврши ако ерменските сепаратисти го „остават оружјето“

Операцијата на Азербејџан во Нагорно-Карабах ќе заврши доколку ерменските сепаратисти го „остават оружјето“, рече претседателот Илхам Алиев во телефонскиот разговор со американскиот државен секретар Антони Блинкен, се вели во соопштението на претседателството.

Алиев му рекол на Блинкен „дека антитерористичките мерки ќе бидат запрени доколку (силите на Карабах) го положат оружјето“, се вели во соопштението.

Back to top button
Close