МВР во Макстил истражува еколошки криминал

Полициски службеници денеска влегоа во просториите на македонскиот производител на челик „Макстил“, поради сомнежи за можни кривични дела од областа на еколошкиот криминал, неофицијално дознава „Фокус“. Од МВР потврдуваат дека во моментот полициски службеници се на терен, но повеќе детали најавуваат за подоцна.

-Полициски службеници од Единицата за економски криминал и корупција при СВР Скопје по добиени оперативни информации и обезбедена наредба од јавен обвинител од ОЈО Скопје вршат контрола и преглед на примероци од почвата и одредени суровини за проверка на сомнение за евентуално сторени кривични дела од областа на еколошкиот криминал. По целосно завршување на активностите соодветно ќе ја известиме јавноста, одговорија од МВР за „Фокус“.

Back to top button
Close