Забрана на малолетничките бракови и заштита од дигитално насилство меѓу владините приоритети

Забрана на браковите пред 18-годишна возраст, посилна заштита од физичко и дигитално насилство и специјализирани услуги за децата жртви се дел од мерките што Владата ги претстави на Втората глобална министерска конференција за елиминирање на насилството врз децата, која се одржува во Манила, Филипини.

a group of school children with school bags and backpacks go to school, view from the back. Concept back to school, education, September 1, knowledge day.

Министерот за правда Јетон Шасивари, кој учествува на конференцијата, ги презентираше заложбите во име на Владата, нагласувајќи дека заштитата на децата бара конкретни законски решенија и поефикасно функционирање на институциите.

Меѓу приоритетите се и спречувањето на насилството во училиштата, како и воспоставувањето меѓусекторски тимови во сите центри за социјална работа. Тие треба да овозможат навремено препознавање на ризиците, координирано постапување и соодветна поддршка за децата на кои им е потребна заштита.

LANDOV Петреска тврди дека во полиција ѝ рекле: Подобро што го „превоспитале“ детето
Шасивари ги претстави и плановите за единствен систем за прибирање и обработка на податоци, како и за поефикасни механизми за заштита на децата што доаѓаат во контакт со правосудниот систем.

Според министерот, меѓународните заложби мора да се преточат во конкретни закони и функционални институционални механизми. Тој порача дека заштитата на секое дете е законска, морална и државна одговорност и дека ниту едно дете не смее да остане незаштитено.

Back to top button
Close