Јамал: Можеби играчите на Реал не знаеја дека имам и десна нога

Напаѓачот на Барселона Ламин Јамал по победата над Реал Мадрид во 11. коло од Ла Лига раскажа како успеал да постигне гол.

Во 77. минута го постигна третиот гол за Каталонците, шутирајќи со десната нога во блискиот горен агол од противничкиот гол. Инаку, 17-годишниот Шпанец е левак.

-Можеби играчите на Реал Мадрид не знаеја дека и јас имам десна нога. Треба да ја користам кога ми треба, како вечерва! – изјави Јамал за „Копе“.

Барселона со 30 бода се зацврсти на лидерската позиција во шпанското фудбалско првенство. Реал Мадрид е на второто место со 24 бодови.

Back to top button
Close