Американец од Илиноис на лото доби над 1,3 милијарди долари


Шесте магични бројки на лотото „Мега милиионс” овојпат, за разлика од претходните извлекувања, беа погодени, со една од најголемите награди во историјата на САД во висина од 1,3 милијарди долари.

Синоќа се дозна дека добитното ливче е извлечено во сојузната држава Илионис, идентитетот на среќникот не е утврден. Добитникот може да ќари неколку стотици милиони долари во готовина за погодените шест бројки – 13, 36, 45, 57, 67 и 14 што беа извлечени во петокот доцна навечер.

Сумата од 1,3 милијарди долари е вкупната сума доколку победникот избере да ја добива на рати еднаш годишно во текот на 30 години. Според пресметките на „Мега Милиоинс” ако добитникот одлучи да ја земе сумата во готовина, тогаш паушалот би изнесувал 780 милиони долари, при што голем дел од средствата ќе бидат исплатени за даноци.

Ова е трета по големина награда во историјата на лотото во САД.

Првата беше извлечена во 2016 година во друга национална лотарија – „Пауер бал”, кога 1,8 милијарди долари беа поделени меѓу тројца добитници. Втората по големина, повторно кај „Мега милионс”, беше извлечена во 2018 година, со само еден победник кој тогаш ќари 1.5 милијарди долари.

Во последното извлекување имаше и неколку погодоци на пет бројки, сопствениците на тие ливчиња добиваат по еден или два милиони долари за секој, зависно од тоа каква игра избрале.

Интересно е тоа што околу половина милион долари добива и продавницата каде се продало главното ливче, овојпат тоа бензинска станица во Дес Плејн, Илионис

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close