Американската филмска академија ги покани Тамара Котевска, Љубо Стафанов и Атанас Георгиев да станат нејзини членови

Режисерите Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, како и продуцентот и монтажер на македонскиот документарен филм „Медена Земја“, Атанас Георгиев, се поканети да бидат членови на Американската академија за филмски уметности и науки.

Академијата ја доделува Оскар, најпрестижната филмска награда во светот.

Во „Класата 2020 година“ Академијата покани вкупно 819 филмски професионалци за нови членови. Оние кои ќе го прифатат членството ќе имаат можност да гласаат во изборот на следните добитници за наградата Оскар.

– Академијата е пресреќна што може да ги покани овие успешни колеги патници во филмските уметности и науки. Ние секогаш со отворени раце го прифаќаме извонредниот талент кој ја отсликува богатата разноликост во нашата глобална филмска заедница, никогаш повеќе од сега – рекол претседателот на Академијата, Давид Рубин.

Back to top button
Close