Американската министерка за финансии ги повика европските сојузници да заземат заеднички став за Кина

epaselect epa09952317 US Treasury Secretary Janet Yellen gives a speech during the opening of the Brussels Economic Forum 2022 at the Square Meeting Center in Brussels, Belgium, 17 May 2022. EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ
 Американската министерка за финансии Џенет Јелен денеска во Брисел предупреди дека западните сојузници мора да заземат обединет став за деловните практики на Кина.
-Имаме заеднички интерес да ја охрабриме Кина да се воздржи од економски практики кои ни наштетија на сите. Овие практики се движат од оние кои влијаат на трговијата и инвестициите, преку развојните и климатските политики, до пристапот кон олеснување на долговите на земјите, изјави Јелен на Бриселскиот економски форум.

Јелен, која пред Брисел беше во Полска, а потоа патува на утрешниот состанок на министрите за финансии од Групата седум најразвиени земји (Г7) во Бон, опширно зборуваше за кинеското финансирање во Африка, каде е забележан голем прилив на кинески инвестиции.

Во фокусот на нејзината посета на Европа е и одговорот на последиците од војната во Украина, меѓународниот даночен план што го договори со повеќе од 130 земји минатата година и енергетската криза која придонесува за висока инфлација ширум светот.

Таа ги повика партнерските земји да се приклучат на Вашингтон и да ја зголемат финансиската поддршка за Украина, наведувајќи дека досега објавената билатерална и мултилатерална поддршка нема да биде доволна за да се задоволат потребите на Украина, дури ни на краток рок

Back to top button
Close