Американски бејзбол клуб им забрани на навивачите да се маскираат во Индијанци

Американскиот безбол клуб „Кливленд Индијанс“ ги извести своите навивачите дека веќе нема да им биде дозволено да се маскираат во Индијанци како дел од клупската стратегија за борба против расизмот.

Клубот соопшти дека навивачите кои нема да ја почитуваат новата одлука ризикуваат да бидат исфрлени од стадионот.

– Какви и да е непристојни или навредливи слики, зборови, гардероба или бои на лицето мораат да се покријат или отстранат, објави клубот на својот официјален сајт.

Кливленд на почетокот на идната недела го игра првиот натпревар на домашен терен во новата сезоната во американската безбол лига (MLB) против тимот на Канзас Сити Ројалс.

Back to top button
Close