Американското Министерство за правда поднесе жалба против одлука на суд во Тексас да забрани употреба на контрацептивен лек
Американското Министерство за правда поднесе жалба против одлуката на судијата од Тексас Метју Качмарик да го суспендира одобрението на Управата за храна и лекови (ФДА), издадено пред 23 години, за употреба на лекот мифепристон, кој е клучен за контрацепција.

Во жалбата се наведува дека одлуката на судот во Тексас за забрана на апчињата за контрацепција, кои долго време се сметаа за безбедни за употреба, го загрозила здравјето на жените.
Во жалбата поднесена до Петтиот Окружен Апелационен суд на САД, Министерството за правда го обвини судијата Метју Качмарик дека ја донел одлуката „целосно неоправдана“, бидејќи ја оспорува научната проценка на ФДА и им штети на жените на кои им е потребен лекот.






