Анализа на ИЈЗ: Штип е со највисока стапка на заразени со ковид-19, а Струга со најголем морталитет

 

Во периодот од 6 до 12 јули, најмногу новозаболени има во Скопје – 454, а потоа во Тетово, па во Свети Николе, Гостивар, Штип… Во овој период има и 36 смртни случаи, од кои 17 во Скопје

Во 32 града, односно центри на јавно здравје во земјава, се регистрирани случаи на ковид-19, според местото на живеење или привремен престој на пациентите. Најголем дел од случаите се регистрирани во Скопје, Тетово и во Куманово, додека највисок морталитет е забележан во Струга, Тетово и во Куманово, според последниот извештајот на Институтот за јавно здравје за состојбата со ковид-19 во земјава, заклучно со 12 јули. Дотогаш се регистрирани се вкупно 8. 97 случаи на ковид-19 или 394,6 на 100 илјади жители.

Дистрибуција по ЦЈЗ/ПЕ Вкупно Инциденца /100 000 Умрени (вкупно) Морталитет/100 000 Леталитет
Вкупно 8.197 394,6 385 18,5 4,7%
Скопје*** 3878 627.9 156 25.3 4.0%
Тетово 871 436.0 63 31.5 7.2%
Куманово 862 604.1 44 30.8 5.1%
Штип 457 867.6 10 19.0 2.2%
Струга 329 484.9 37 54.5 11.2%
Прилеп 301 315.8 20 21.0 6.6%
Гостивар 230 192.0 16 13.4 7.0%
Охрид 227 404.6 5 8.9 2.2%
Велес 203 306.4 13 19.6 6.4%
Дебар 151 544.0 5 18.0 3.3%
Ресен*** 138 843.9 3 18.3 2.2%
Свети Николе 118 575.3 0 0.0 0.0%
Кичево 81 141.7 1 1.7 1.2%
Кочани 77 160.5 3 6.3 3.9%
Битола 70 68.7 2 2.0 2.9%
Пробиштип 37 241.8 0 0.0 0.0%
Кавадарци 26 60.4 1 2.3 3.8%
Струмица 24 25.3 1 1.1 4.2%
Неготино* 22 93.7 1 4.3 4.5%
Крива Паланка 19 79.4 0 0.0 0.0%
Крушево 12 125.9 2 21.0 16.7%
Гевгелија** 12 34.9 0 0.0 0.0%
Радовиш 8 24.5 0 0.0 0.0%
Демир Хисар 8 95.5 0 0.0 0.0%
Македонски Брод 8 71.4 0 0.0 0.0%
Кратово 7 73.2 0 0.0 0.0%
Пехчево 6 120.2 0 0.0 0.0%
Валандово 6 50.6 0 0.0 0.0%
Берово 4 30.8 1 7.7 25.0%
Виница 4 20.6 0 0.0 0.0%
Делчево 1 4.2 1 4.2 100.0%
Кумулативна дистрибуција на заболени од COVID-19 по ЦЈЗ/ПЕ, РС Македонија, 2020

Највисока кумулативна инциденца на 100 000 жители се регистрира во Штип – 867,6, па во Ресен – 843,9 заболени на 100 000 жители. Следуваат (627,9/100.000), Куманово (604,1/100.000), Свети Николе (573,3/100.000), Дебар (544,0/100.000), Струга (484,9/100.000), Тетово (436,0/100.000), Охрид (404,6/100.000), Прилеп (315,8/100.000) и Велес (306,4/100.000), додека инциденца со над 150 заболени на 100 000 жители е регистрирана во Пробиштип, Гостивар и Кочани.

Инциденца на 100 000 жители, COVID-19, РС Македонија

Во периодот од 6 до 12 јули, најмногу новозаболени има во Скопје – 454, а потоа во Тетово, па во Свети Николе, Гостивар, Штип… Во овој период има и 36 смртни случаи, од кои 17 во Скопје.

ЦЈЗ/ПЕ Број на заболени Починати
Скопје 454 17
Тетово 96 6
Свети Николе 72
Гостивар 69 4
Штип 67 2
Струга 61 4
Куманово 60 2
Дебар 41 1
Кичево 32
Охрид 22
Прилеп 20
Ресен 17
Пробиштип 9
Битола 8
Велес 7
Струмица 7
Демир Хисар 6
Кавадарци 5
Крушево 5
Радовиш 4
Кратово 3
Кочани 2
Крива Паланка 2
Македонски Брод 2
Берово 1
Неготино 1
Вкупно 1.073 36
 Дистрибуција на заболени од COVID-19 по ЦЈЗ/ПЕ, РС Македонија, 06.07-12.07.2020

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close