АНАЛИЗА: (Не)достижно сценарио – по6,1% раст во секој квартал за да се оствари годишниот раст од 4,1% !

И со ребалансираниот Буџет, Владата за годинава проектираше оптимистичко сценарио за раст на економијата повисок од 4%. Додека податоците за првиот квартал од годинава покажуваат дека економијата сеуште е во минус а бруто-инвестициите се во “слободен” пад, Владата е уверена дека Бруто домашниот производ ќе се зголемува, инвестциите ќе се рестарираат, невработеноста ќе се намалува, пишува “Порталб”.  Што велат економистите?

Власта очекува економски триумфализам, опозицијата економска катастрофа..

Во првите три месеци од годинава – пад на економијата за 1,9%. Бруто-инвестициите во минус со 16,6%. Овие негативни податоци се очекувани поради прелевањето на здравствената криза и во првите месеци од годинава – но според власта тие нема да ја засената проекцијата дека оваа 2021 та ќе регистрираме страпка на раст на БДП од 4,1%  – прогнозирана и во новиот ребалансиран Буџет.

Според дел од аналитичарите, економијата во следните три квартали од годинава треба да испорача по 6,1 % раст, со исклучени сезонски ризици ( фактори) за да се реализира прогнозата за раст на БДП од 6,1%..  Како тоа ќе се случи? Без силни и релано проектирани инвестции – економијата нема да тргне напред, коментираат економистите. Само со агресивен инвестициски циклус ќе бидат достижни стапките на раст повисоки од 5% кои се предвидуваат во следните години.

“Систематски висока стапка на економски раст од над 5% е достижна, меѓутоа само со засилена стапка на инвестирање, вклучително и квалитетни инвестиции на државата. Последново е од особена важност, бидејќи ние ретко зборуваме или ги пресметуваме мултипликативните ефекти на јавните инвестиции. Таква стапка на раст ќе е одржлива ако е поддржана од робустни структурни реформи, од кои најкруцијални се оние што се однесуваат на човечкиот капитал односно образованието и квалитетот на институциите кои треба да обезбедат владеење на правото” – вели универзитетскиот професор Марјан Петрески.

Додека податоците за инвестициите засега се поразителни, намалување на Странските директни иневстиции и пад на Бруто-инвестициите воопшто, власта најави инвестициски бум од неколку милијарди евра. Токму ова според Владата ќе биде локомотивата за економскиот напредок.

“Инвестициите ќе имаат значајна улога во постепеното интензивирање на економијата. Реалниот раст на бруто-инвестициите е проектиран на 8% во 2021 година, во услови на очекуван раст и на јавните и на приватните инвестиции” – изјави премиерот Зоран Заев на презентација на Ребаланс на Буџетот.

Амбициозни и предизборни проекции за економски раст  во состојба кога показателите за странските инвестции се катастрофални – коментира Гордана Димитриеска Кочоска од Вмро – Дпмне.

“Најпрво, БДП и понатаму останува високопроектиран или би рекла само желба на власта. Просечната стапка на раст за периодот 2017-2019 година е 2,4%  (значи без криза) и нема ниту една причина да оекуваме дуплирање на растот. Стапка на раст од 5% како што проектираат во Фискалната стратегија,  прво бара многу работа а не возење мотори за викенд, второ,  бара инвестиции.  Високи стапки на раст на БДП имаше во 2006, 2007 и 2008 година но тогаш и бруто инвестициите беа високи и имавме комплетно друго економско опкружување со стабилна даночна политика и доверба на инвеститорите во власта.  За овој период особено важно е дека инвестициите беа во основни средства кои се основа за подолгорочен и стабилен раст. За жал последните години имаме раст на залихите од кои неможеме да очекуваме некоја постабилна иднина” – вели Кочоска

Наспроти опозицијата, власта е уверена дека оваа година економијата влегува во постковид период на опоравување. Се очекува раст на буџетските приходи за 4,7% но се зголемуваат и трошењата за 8,6%.  Буџетскиот дефицит се продлабочува на 6,5%. Во новиот ребалансиран Буџет се предвидува пад на невработеност а раст на вработеноста.

Ребаланс Буџет 2021

Приходи                                    +4,7%

Расходи                                      +8,6%

Капитални расходи                +26,9%

Извоз                                          +10,6%

Увоз                                             +11,0%

Вработеност                                +1,0%

И според најновите анализи на НБМ економијата влегува во зона на заздравување – но со сеуште присутни ризици.

“На среден рок, се очекува натамошно закрепнување на економијата, со стапка на раст од 3,9% во 2022 година  и 4% во 2023 година. Ризиците околу основното сценарио и натаму се оценуваат како поизразено надолни” – велат од Народната банка.

Инаку според ММФ, годинава Македонската економија ќе испорача раст од 3,5%

Back to top button
Close